ИЗРАЕЛСКИ НАВИВАЧИ НАПАДНАТИ ВО АМСТЕРДАМ, НЕТАНЈАХУ ИСПРАЌА СПАСУВАЧКИ АВИОНИ ПО НИВ

    ИЗРАЕЛСКИ НАВИВАЧИ НАПАДНАТИ ВО АМСТЕРДАМ, НЕТАНЈАХУ ИСПРАЌА СПАСУВАЧКИ АВИОНИ ПО НИВЛокалната полиција кажа дека по мечот привела 57 луѓе (Фото: АФП)

    Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нареди да се испратат два спасувачки авиона во Амстердам, каде што синоќа беа нападнати израелски фудбалски навивачи. Видеа објавени на социјалните мрежи покажуваат улични судири, додека полицијата интервенира.

    Од кабинетот на Нетанјаху кажаа дека одлуката за испраќање на авионите била донесена по „многу сериозен инцидент“, во кој биле нападнати израелски граѓани по меѓот помеѓу Ајакс и Макаби Тел Авив.

    Холандскиот премиер Дик Схоф изјави дека е згрозен од „антисемитскиот напад врз израелски граѓани“.

    Ова е целосно неприфатливо. Во телефонски разговор го уверив Нетанјаху дека сите напаѓачи ќе бидат идентификувани и процесуирани“, изјави Схоф.

    Локалната полиција кажа дека по мечот привела 57 луѓе, откако пропалестински демонстранти се обиделе да стигнат до стадионот „Јохан Кројф“, иако градот забранил да се протестира таму. Навивачите го напуштиле стадионот без инциденти, но судири избиле ноќеска во центарот на градот. Израелските медиуми објавија дека нападите биле планирани однапред.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира