Четириесет и две дела од Димитар Андонов-Папрадишки се претставени на ретроспективната изложба посветена на неговата работа и 70 годишнината од смртта. Hасликал повеќе од 1.200 икони за околу стотина цркви во Македонија и Србија, со што се смета за еден од најпродуктивните зографи. Тој е последен македонски зограф и прв современ сликар во македонската уметност. Негово дело меѓу другото се фрескоживописот во црквата Св. Јоаким Осоговски воКрива Паланка и Св. Спас во Скопје.
„Папрадишки е меѓу најзначајните фигури на македонската современа уметност, легендарна митска личност, бидејќи е првиот сликар кој раскинува со каноните на византиското сликарство и прв започнува да се занимава со профано, нерелигиозното сликарство. Во неговото творештво преовладуваат портрети на велешки трговци, занаетчии, цртани под влијание на Киевското и Западното сликарство. Негови ученици биле Лазар Личеноски, Никола Мартиновски, Томо Владимирски“, кажа Маја Чанкуловска-Михајловска виш кустос во Националната галерија на Македонија.
Половина од изложените дела, 21 се дел од нивната богата колекција. Втората половина, 21 се икони од црквите во велешките села Лисиче, Голозинци и Еловец.
„Папрадишки цртал во многу села во околината на Велес. Се одлучивме за овие три, од поблиски села, а поради ограниченоста на просторот претставуваме 21 икона. Тој ги поврзува средновековното, византиското цртање со новите текови, новите влијанија. Внесува нови моменти во македонската ликовна уметност“, кажа Елица Николова, историчар на уметноста од Народен Музеј Велес.
Организатор на изложбата е Народен мзуеј Велес и е дел од годишната програма финансирана од Министерството за култура.
Делата на Папрадишки при крајот на 19 и почеток на 20 век кога се портрети на велешани трговци, занетчии, нивни сеемјства, кои сакаат да бидат насликани и оставаат трага и спомен. Тоа било тогаш тренд и во Западна Европа, а Папрадишки го работел во Велес. Тој во три наврти бил во затвор, поради неговите просветителски и револуционерни активности.
Димитар Андонов- Папрадишки е роден 1859 год. во селото Папрадиште, а починал на 95 годишна возраст во 1954 во Скопје.
П. ПЕЧКОВ