По предлог на Основното јавно обвинителство Битола изречена е мерка притвор за 23-годишник осомничен за две кривични дела – полов напад и силување од член 186, став 7, во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Против него е поведена постапка, бидејќи во два одвоени настани, на 9 септември и на 7 ноември, полово нападнал две млади девојки и почнал да ги допира. Жртвите и во двата случаја успеале сами да го оттурнат и да се ослободат, по што осомничениот избегал од местото на нападот.
„Бидејќи се работи за кривично дело против половата слобода и моралот и затоа што постојат околности кои укажуваат дека осомничениот би ги повторувал ваквите напади доколку остане на слобода, надлежниот јавен обвинител предложи определување притворска мерка, која од судот е прифатена“, велат од Обвинителството.