Претседателот на Здружението на новинари на Македонија Насер Селмани побара оставка од Уставниот суд, по вчерашната пресуда на Европскиот суд за човекови права дека новинарите биле незаконски исфрлени од Собранието на 24 декември 2012 година.
„Вчерашната одлука на Европскиот суд за човекови права е голем ден за слободна, демократска и европска Македонија. Црно на бело, имаме потврда од Европски суд дека во Македонија се прекршува правото на слобода на изразување. Тоа повеќе не е прашање на перцепција, како што милуваат да кажат претставниците на досегашната власт, туку е ноторен факт утврден од релевантен Европски суд“, рече Селмани.