Осумнаесетгодишната Јана Атанасовска е првата Македонка која ќе настапи на трка од Светскиот куп во алпско скијање. Таа ќе го вози слаломот на стартот на новата сезона во финскиот зимски центар Леви, при што првата трка е на програмата утре од 11 часот.
Атанасовска досега се истакна со бројни успеси на регионални и меѓународни натпревари и сега ќе добие шанса да се натпреварува покрај најдобрите светски скијачки, вклучувајќи ја и Микаела Шифрин.
Таа се подготвува за историското деби во Леви заедно со нејзините тренери Александар Атанасовски-Чаве, кој ѝ е татко и Игор Загерник.
Минатата сезона, Атанасовска имаше одлични резултати на ФИС трките, при што оствари личен рекорд од 51,70 ФИС точки на една трка.