8 ЗАГИНАТИ И 17 ПОВРЕДЕНИ ВО КИНЕСКИ УНИВЕРЗИТЕТ ПО НАПАД СО НОЖ ОД 21-ГОДИШНИК

    8 ЗАГИНАТИ И 17 ПОВРЕДЕНИ ВО КИНЕСКИ УНИВЕРЗИТЕТ ПО НАПАД СО НОЖ ОД 21-ГОДИШНИКНападот е последниот инцидент со масовни жртви што ја погоди Кина. (Фото: Вајримиџ)

    Осум лица загинаа и 17 се ранети во напад со нож од 21-годишник, во кампус на универзитет во источна Кина.

    Според локалната полиција, 21-годишниот убиец бил уапсен на Универзитетот за уметности и технологија Вукси .

    Во соопштението се вели дека осомничениот бил неодамна дипломиран и бил „незадоволен порати тоа што не добил сертификат за дипломирањето и од надоместокот за стажирање“.

    „Без двоумење го призна делото“, вели полицијата.

    Нападот е последниот инцидент со масовни жртви што ја погоди Кина.

    На 12 ноември 35 луѓе загинаа, а над 40 беа повредени откако џип влетал меѓу луѓе кои вежбале пред стадион во кинескиот град Жухаи. Шеесет и двегодишниот возач со презиме Фан наводно намерно удрил во луѓето, што полицијата го опиша како сериозен и зол напад.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира