НА 39 ГОДИНИ ЗАГИНА ЕДЕН ОД ВОДЕЧКИТЕ СВЕТСКИ БАЛЕТАНИ ВЛАДИМИР ШКЉАРОВ, ПАДНАЛ ОД ПЕТТИ КАТ

    НА 39 ГОДИНИ ЗАГИНА ЕДЕН ОД ВОДЕЧКИТЕ СВЕТСКИ БАЛЕТАНИ ВЛАДИМИР ШКЉАРОВ, ПАДНАЛ ОД ПЕТТИ КАТШкљаров беше првенец на театарот „Марински“ и настапуваше низ цел свет (Фото: Гети)

    Еден од водечките светски балетани Владимир Шкљаров почина на 39 години, објави театарот „Марински“ во Санкт Петербург, каде што беше првенец. Руските медиуми објавија дека федералните власти ја истражуваат неговата смрт откако тој паднал од петтиот кат на зграда во Санкт Петербург додека бил под дејство на лекови против болки.

    Неговата портпаролка Ана Касаткина изјави дека Шкљаров требало да оди на операција на рбетот оваа недела.

    Ова е огромна загуба не само за нашиот театар, туку и за целиот современ балет. Тој беше исклучителен уметник кој инспирираше фанови низ целиот свет“, објави „Марински“.

    Шкљаров беше женет за балеринта Марија Шкљарова, со која доби две деца.

    Роден во тогашниот Ленинград, Шкљаров дипломирал на престижната руска балетска академија „Ваганова“ во 2003 и истата година станал член на „Марински“, каде што бил првенец од 2011. Меѓу сцените на кои што настапувал се Кралската опера во Лондон и операта Метрополитен во Њујорк. Во 2020 го доби признанието Почесен уметник на Русија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира