УКРАИНА ЌЕ ЈА ИЗГУБИ ВОЈНАТА БЕЗ ВОЕНА ПОМОШ ОД АМЕРИКА, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ

    УКРАИНА ЌЕ ЈА ИЗГУБИ ВОЈНАТА БЕЗ ВОЕНА ПОМОШ ОД АМЕРИКА, КАЖА ЗЕЛЕНСКИЗеленски смета дека Трамп би можел да влијае врз Путин да ја заврши војната (Фото: АП)

    Володимир Зеленски смета дека Украина ќе ја изгуби војната ако САД одлучат да прекинат да ѝ даваат воена помош.

    „Ние ќе останеме, ќе продолжиме да се бориме. Имаме наше производство, но мислам дека тоа не е доволно за да надвладееме и преживееме“, кажа Зеленски во разговор со „Фокс њуз“.

    Иако, како што кажа, најтешкиот период од војната бил моментот на инвазијата, овој момент зависи од единството во Украина.

    „Она што е многу опасно е ако се изгуби единството во Европа. А, најважно е единството помеѓу САД и Украина“, рече украинскиот лидер.

    Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп се противи на огромното американско трошење за војната во Украина и вети дека брзо ќе ја заврши, иако не откри како.

    „Трамп би можел да влијае врз Путин да ја заврши војната зашто е многу посилен од него. Путин може да биде спремен да ја заврши војната, но тоа многу повеќе зависи од САД. Путин е послаб од Америка и Трамп“, изјави Зеленски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира