ИТАЛИЈАНСКИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ И СОЦИЈАЛНИ РАБОТНИЦИ СЕ ВРАТИЈА ДОМА ОТКАКО ЦЕНТРИТЕ ЗА МИГРАНТИ ВО АЛБАНИЈА ОСТАНАА ПРАЗНИ

    ИТАЛИЈАНСКИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ И СОЦИЈАЛНИ РАБОТНИЦИ СЕ ВРАТИЈА ДОМА ОТКАКО ЦЕНТРИТЕ ЗА МИГРАНТИ ВО АЛБАНИЈА ОСТАНАА ПРАЗНИИталијанската влада вели дека центрите во Албанија ќе останат отворени и оперативни. - Италијанската премиерка Џорџа Мелони (Фото: Фејсбук)

    Десетици италијански полицајци и социјални работници распоредени од италијанската влада во центрите за мигранти во Албанија се вратија дома, откако испадна дека објектите, пофалени како добар модел за да се намалат пристигнувања на мигранти, седат празни со недели.

    Околу месец дена по нивното отворање, повеќе 50 полицајци си заминаа во Италија пред две недели, додека 220-тина социјални работници се вратија викендов, бидејќи не е потребно нивното присуство во скапите центри за мигранти во Албанија, кои што требаше да примаат по 3.000 мигранти месечно,

    Од отворањето на центрите на 11 октомври, само 24 баратели на азил беа испратени од Италија во Албанија, со цел нивна репатријација во земјите од каде што дошле. Петмина од нив останаа помалку од 12 часа во центрите, додека останатите останаа по 48 часа.

    Сите беа вратени во Италија, откако италијанските судии одлучија дека е незаконски да бидат држени во центрите во Албанија, пред да бидат вратени во земји како Бангладеш и Египет.

    Како резултат на ваквата судска одлука, центрите, кои што претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ги нарече нов модел за процесирање на барателите на азил надвор од ЕУ, останаа празни повеќе од еден месец.

    Италијанската влада вели дека центрите во Албанија ќе останат отворени и оперативни и дека трансферите назад во Италија се направи во согласност со потребите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира