Претседателот на Собранието Африм Гаши на новинарско прашање денеска одговори дека се работи на темата уставни измени и оти има двотретинско мнозинство да се донесат веднаш. Но, владејачкото мнозинство се плаши дека Бугарија по внесување на Бугарите во Уставот, ќе стави ново вето и пак ќе ја блокира Македонија во преговорите со ЕУ.
„Ние имаме мнозинство, не треба да бараме. Се плашиме ако ги донесеме уставните измени, по 3 месеци да не ни стават вето. Па потоа да отиде евроскептицизмот до небо и веќе да не се спушти. Осетлива е многу оваа работа, мораме да сме внимателни”, кажа Гаши на денешниот брифинг со новинарите.
Вчера новата еврокомесарка за проширување Марта Кос кажа:
„Очекуваме Северна Македонија да ги направи уставните промени, а потоа да го забрзаме процесот”.
Прашана дали ова ќе биде последно барање од Бугарија, еврокомесарката одговори дека на тоа не може да даде одговор. За да се реши блокадата на интеграцијата на Македонија, смета дека треба да има повеќе разговори со Софија.
С. К. ДЕЛЕВСКА