БУНТОВНИЦИТЕ ПОЧНАА ГОЛЕМА ОФАНЗИВА ПРОТИВ СИЛИТЕ НА АСАД ВО СЕВЕРОЗАПАДНА СИРИЈА И ОСВОЈУВААТ ТЕРИТОРИИ

    БУНТОВНИЦИТЕ ПОЧНАА ГОЛЕМА ОФАНЗИВА ПРОТИВ СИЛИТЕ НА АСАД ВО СЕВЕРОЗАПАДНА СИРИЈА И ОСВОЈУВААТ ТЕРИТОРИИСириската војска потврди дека се соочува со напад од големи размери (Фото: Гети)

    Бунтовничките групи започнале голема офанзива во северозападна Сирија и за првпат во последните години зазеле територии што ги држеа силите на претседателот Башар ал-Асад. Исламистичката милитантна група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) и сојузничките фракции кажаа дека од средата контролираат бројни села и градови во провинциите Алепо и Идлиб и отсекле клучен автопат што ги поврзува Дамаск и Алепо.

    Сириската војска потврди дека се соочува со напад од големи размери, а во воздушните напади против бунтовниците се вклучи и Русија. Сириската опсерваторија за човекови права, која има седиште во Велика Британија, објави дека досега се убиени околу 200 луѓе на двете страни.

    Во борбите, од кои некои се одвиваат на само десет километри од градот Алепо, вчера загинал генерал на Иранската револуционерна гарда, која исто така го поддржува режимот на Асад. Бунтовниците, кои ја користат актуелната ситуација во Либан и Украина, зазеле база на сириската војска и најмалку осум села.

    Над пола милион луѓе загинаа во граѓанската војна која почна во 2011 и Идлиб остана последното упориште на бунтовниците. Енклавата е главно контролирана од ХТС, но таму дејствуваат и бунтовничките фракции поддржани од Турција и турските сили. Во 2020, Русија и Турција посредуваа во постигнување договор, со кој владата се откажа од напорите да го заземе Идлиб.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира