СЕ ОДГОВАРА И ЗА ДАВАЊЕ ПОТКУП, ПА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ ИСТРАЖУВА И КОЈ ИМ ПЛАЌАЛ НА ЕНВЕР БЕЏЕТИ И НА АРТАН ГРУБИ ДА ГО ЧУВААТ ПРЕДМЕТОТ НА САШО МИЈАЛКОВ ВО ФИОКА, КАЖА КОЦЕВСКИ

    СЕ ОДГОВАРА И ЗА ДАВАЊЕ ПОТКУП, ПА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ ИСТРАЖУВА И КОЈ ИМ ПЛАЌАЛ НА ЕНВЕР БЕЏЕТИ И НА АРТАН ГРУБИ ДА ГО ЧУВААТ ПРЕДМЕТОТ НА САШО МИЈАЛКОВ ВО ФИОКА, КАЖА КОЦЕВСКИ„Ќе се испитува кој е давател на поткупот, кој е примател на поткупот, дали имало тргување со влијанија", кажа Коцевски. (Фото: К. Попов)

    На денешниот брифинг на речиси целото Обвинителство на Македонија со сите медиуми, на новинарско прашање беше кажано дека ќе одговара и давателот на поткупот за да се чува предметот на Сашо Мијалков во фиока.

    Државниот обвинител Љупчо Коцевски кажа дека по објавата на најновата црна листа на Стејт департментот, со имињата на Артан Груби и на апелациониот судија Енвер Беџети за примање поткуп за влијанија во судството, тој веднаш формирал предмет.

    „Согласно моите надлежности како Јавен обвинител на Македонија, уште вчера оформив предмет за да собереме докази околу поткуп и трговија со влијанија за споменатите лица на црната листа на САД, Артан Груби и Енвер Беџети. Ќе се испитува кој е давател на поткупот, кој е примател на поткупот, дали имало тргување со влијанија”, кажа Коцевски.

    Предметот е доставен до надлежното обвинителство, додаде тој.

    Рече дека со американската амбасада Јавното обвинителство на Македонија има одлична соработка. А амбасадорката Анџела Агелер, пак, вчера кажа дека амбасадата има докази за Груби и за Беџети.

    Енвер Беџети под притисок на јавноста беше фатен од Судскиот совет како го чува во фиока предметот за масовното незаконско прислушување каде првообвинет беше Сашо Мијалков, првостепено осуден на 12 години затвор.

    Во неговите фиоки седеше 3 години и коруптивниот предмет „Транспортер”, со битолскиот ексградоначалник Владимир Талевски.

    Се зборуваше дека се наплаќа тарифа во евра, за чување на предмет, од ден. Како и тоа дека не ги земал парите само судијата, дека тоа било мрежа со вмешани функционери од највисоките структури на претходната власт.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира