ЛИДЕРОТ НА СИРИСКИТЕ БУНТОВНИЦИ ВЕТИ ДЕКА ЌЕ ГИ ЗАТВОРИ ОЗЛОГЛАСЕНИТЕ ЗАТВОРИ НА АСАД ВО КОИ БИЛЕ МАЧЕНИ И УБИЕНИ 60.000 ЛУЃЕ

    ЛИДЕРОТ НА СИРИСКИТЕ БУНТОВНИЦИ ВЕТИ ДЕКА ЌЕ ГИ ЗАТВОРИ ОЗЛОГЛАСЕНИТЕ ЗАТВОРИ НА АСАД ВО КОИ БИЛЕ МАЧЕНИ И УБИЕНИ 60.000 ЛУЃЕСтотици луѓе беа ослободени од затворот Сајднаја по влегувањето на бунтовниците во Дамаск во неделата (Фото: Гети)

    Сириските бунтовници објавија дека планираат да ги затворат озлогласените затвори водени од соборениот режим на Башар ал-Асад и дека ќе ги ловат оние кои мачеле и убивале притвореници. Лидерот на бунтовниците Ахмед ал-Шара попознат како Абу Мохамед ал-Голани исто така најави дека ќе го расформира безбедносниот систем на бившиот режим.

    Стотици луѓе беа ослободени од затворот Сајднаја по влегувањето на бунтовниците во Дамаск во неделата. Групите за човекови права го опишуваа затворот како „човечка кланица“. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија кажа дека околу 60.000 луѓе биле мачени и убиени во затворите на Асад, чија династија беше соборена по 54 години владеење.

    Асад пребегна во Русија во неделата, каде што доби азил заедно со семејството.

    Голани кажа дека помилувањето на оние кои учествувале во мачењето и убивањето на затворениците не доаѓа предвид.

    Ќе ги гониме во Сирија и ќе побараме од други држави да ни ги предадат оние кои избегале за да се соочат со правдата“, рече Голани.

    Тој додаде дека новите сириски власти соработуваат со меѓународните организации за да се осигураат можните локации со хемиско оружје. Асад негираше дека користел вакво оружје, но организацијата Хјуман рајтс воч објави дека меѓу 2013 и 2018 имало најмалку 85 напади со хемиско оружје во Сирија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира