СИРИЈА ФУНКЦИОНИРАШЕ И КАКО НАРКОДРЖАВА, ДРОГАТА КАПТАГОН Ѝ БЕШЕ НАЈГОЛЕМИОТ ИЗВОЗЕН ПРОИЗВОД

    СИРИЈА ФУНКЦИОНИРАШЕ И КАКО НАРКОДРЖАВА, ДРОГАТА КАПТАГОН Ѝ БЕШЕ НАЈГОЛЕМИОТ ИЗВОЗЕН ПРОИЗВОДБунтовниците пронашле огромни количества од оваа дрога и ветиле дека ќе ги уништат (Фото: АФП)

    Ненадејниот пад на режимот на Башар ал-Асад фрли светлина и врз неговата значајна улога на наркопазарот на Блиски Исток. Покрај воени бази и затвори, сириските бунтовници влегоа и во центри за производство и дистрибуција на забранетата дрога каптагон, стимуланс налик на амфетамин, кој го преплави црниот пазар на Блиски Исток.

    Бунтовниците кажаа дека пронашле огромни количества од оваа дрога и ветија дека ќе ги уништат. Во складиште на периферијата на Дамаск, апчињата каптагон биле скриени во електрични компоненти спремни за извоз. Новите владетели на Сирија велат дека фабриката била поврзана со Махер ал-Асад, брат на соборениот сириски лидер и Амер Кити, сириски политичар кој контролирал повеќе бизниси во земјата.

    Пронајдовме голем број уреди кои беа исполнети со пакети апчиња каптагон наменети за шверц надвор од земјата. Тоа беше огромно количество, невозможно е да се каже колку“, кажаа властите.

    Приходите од продажбата на каптагон значајно го помагаа режимот на Асад во изминатите 13 години. Оваа дрога досега беше најголемиот извозен производ на Сирија, покажа едно истражување од 2022, што ја направи најголемата наркодржава на светот.

    Заплената во магацинот беше огромна, но помали залихи каптагон се пронајдени и во воените објекти поврзани со единиците под команда на Махер ал-Асад. Новинарите на АФП оваа недела наидоа на голем оган од запалени апчиња каптагон во воздушната база Мазех.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира