МАКЕДОНСКАТА ФУДБАЛСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЌЕ ИГРА ПРОТИВ БЕЛГИЈА И ВЕЛС ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА СП 2026

    МАКЕДОНСКАТА ФУДБАЛСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЌЕ ИГРА ПРОТИВ БЕЛГИЈА И ВЕЛС ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА СП 2026Квалификациите почнуваат во втората половина на март (Фото: Ѓ. Личовски)

    Македонската фудбалска репрезентација ќе игра со Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн во квалификациите за Светското првенство во 2026, чии домаќини се САД, Канада и Мексико. Само првопласираната селекција оди директно на СП, а второпласираната ќе игра во баражот.

    Белгија се издвојува како прв фаворит во групата Ј, иако „златната генерација“ на оваа држава го надмина својот зенит. Во редовите на Велс, а особено кај Казахстан и Лихтенштајн нема големи фудбалски имиња.

    Ова ќе биде најмасовното светско првенство досега, откако бројот на учесниците беше зголемен од 32 на 48. Ќе се игра од 11 јуни до 19 јули на 16 стадиони.

    Квалификациите почнуваат во втората половина на март.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира