БОГАТСТВОТО НА ИЛОН МАСК ПРВПАТ НАДМИНА 400 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

    БОГАТСТВОТО НА ИЛОН МАСК ПРВПАТ НАДМИНА 400 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИМаск инвестираше над 250 милиони долари во кампањата на Трамп (Фото: АП)

    Богатството на Илон Маск за првпат надминало 400 милијарди долари, објави „Форбс“, што е поттикнато од растот на акциите на „Тесла“ за 71% оваа година и од зголемената вредност на неговата ракетна компанија „СпејсЕкс“.

    Маск е најголемиот акционер во „Тесла“, со удел од околу 13 отсто. Во средата, акциите на „Тесла“ достигнаа рекордна вредност од 424,9 долари.

    Богатството на Маск беше зголемено и со внатрешната продажба на акции на „СпејсЕкс“, чии акционери се согласија да купат акции во вредност од 1,25 милијарди долари.

    Инвеститорите на „Тесла“ се охрабрени од односот на Маск со новоизбраниот претседател Доналд Трамп и се надеваат дека улогата на милијардерот во обликувањето на политиката на претстојната републиканска администрација ќе биде од корист за производителот на автомобили. Маск инвестираше над 250 милиони долари во кампањата на Трамп, по што доби функција во неговата идна влада.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира