РУСКАТА ВОЈСКА СЕ ПАКУВА ЗА ЗАМИНУВАЊЕ ОД СИРИЈА, ПОКАЖУВААТ САТЕЛИТСКИТЕ СНИМКИ

    РУСКАТА ВОЈСКА СЕ ПАКУВА ЗА ЗАМИНУВАЊЕ ОД СИРИЈА, ПОКАЖУВААТ САТЕЛИТСКИТЕ СНИМКИРусија почна воена операција во Сирија во септември 2015 година за поддршка на Асад. (Фото: Максар)

    Руската војска во Сирија изгледа дека се пакува за заминување, според сателитските снимки, откако бунтовниците го соборија претседателот Башар ал-Асад минатиот викенд.

    Сателитските фотографии покажуваат најмалку два авиони Антонов АН-124, едни од најголемите транспортни авиони во светот, со подигнати носеви во базата Хмеимим во провинцијата Латакија.

    „Два тешки транспортни авиони АН-А24 се на пистата, двата со подигнати носеви подготвени за внесување опрема“, соопшти компанијата за сателитски снимки Максар.

    „Во близина, воен хеликоптер Ка-52 се расклопува и подготвува за транспорт, додека елементи од противвоздушниот систем С-400 исто така се подготвуваат за заминување“, додаваат од Максар.

    Состојбата во руската поморска база во Тартус останува непроменета од 10 декември, според сателитските снимки.

    На снимки од социјалните мрежи се гледаат конвои од руски воени возила, а според британскиот Канал 4, руската војска се повлекува по договор со новите власти во Сирија за организирано напуштање на земјата

    Руското министерство за одбрана засега е без коментар.

    Русија почна воена операција во Сирија во септември 2015 година за поддршка на Асад.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира