НАЈМАЛКУ ПЕТ УБИЕНИ ВО ПУКАЊЕ ВО МИГРАНТСКИ КАМП ВО ФРАНЦИЈА

    НАЈМАЛКУ ПЕТ УБИЕНИ ВО ПУКАЊЕ ВО МИГРАНТСКИ КАМП ВО ФРАНЦИЈАОд четворицата загинати во кампот, двајца се од обезбедувањето и двајца мигранти. (Фото: Ле Парисјен)

    Најмалку пет лица загинаа во пукања во и околу мигрантски камп близу францускиот град Данкирк. 22-годишник, кој тврди дека пукал, се предал во најблиската полициска станица.

    Наводниот напаѓач ѝ кажал на полицијата дека убил човек во францускиот град Вормут и потоа убил уште четворица во мигрантскиот камп Лун-Плаж.

    Од четворицата загинати во кампот, двајца се од обезбедувањето и двајца мигранти.

    Властите нашле три парчиња оружје во возилото на осомничениот, јавија француските медиуми. Засега не е јасен мотивот за убиствата.

    Според француските медиуми, кампот постои со години и во него престојуваат најмногу Курди и Авганистанци, вклучувајќи многу фамилии со мали деца.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира