ШЕСТМИНА СКИЈАЧИ СЕ ЗАГУБИЛЕ НА ПОПОВА ШАПКА ПОРАДИ ГУСТА МАГЛА

    ШЕСТМИНА СКИЈАЧИ СЕ ЗАГУБИЛЕ НА ПОПОВА ШАПКА ПОРАДИ ГУСТА МАГЛАНеможејќи да се ориентираат каде се, скијачите побарале помош преку бројот за итни случаи 112 во ЦУК. (Фото: Фејсбук)

    Шест лица, кои вчера биле на скијање на попова Шапка, се загубиле поради густата магла која ненадејно се спуштила на скијачите патеки.

    Неможејќи да се ориентираат каде се, тие побарале помош преку бројот за итни случаи 112 во ЦУК, од каде што бил алармиран Регионалниот центар за управување со кризи од Тетово.

    „Преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК беше добиена пријава дека на Попова шапка шест (6) лица се изгубиле, не можеле да се ориентираат и побарале помош. Тие со скии-лифт се качиле горе на скијачките патеки и кога се обиделе да се спуштат надолу паднало многу густа магла, а и поради снегот што бил нов и немало изгазена патека од други скијачи, тие не можеле да се ориентираат за правец за спуштање. Согласно ситуацијата скијачите се јавиле за помош на 112. Од ЦУК веднаш биле известени СВР Тетово и раководителот на РЦУК Тетово. Во меѓувреме, лицето вработено на ски-лифтот пронашло петмина од изгубените лица, а подоцна во 16.15 часот, го пронашло и шестото изгубено лице. Прво сите биле згрижени во полициската станица на Попова Шапка, а потоа безбедно се вратиле во нивните домови“ се вели во информацијата добиена од ЦУК.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира