Два руски танкери потонаа во Црното море во невреме и сега од нив истекува нафта, велат руските власти.
Во видео објавено на социјалните мрежи, може да се види како еден од танкерите е преполовен и тоне среде силна бура, а во водата се гледаат дамки нафта.
Најмалку еден член на екипажот е загинат, од вкупно 29 колку што имаа двата брода. Инцидентот се случил во теснецот Керч. Во спасувачката акција учествуваат бродови, хеликоптери и над 50 спасувачи.
„Денеска, како резултат на бура во Црното море, два танкери, Волгонефт-212 и Волгонефт-239, потонаа“, соопшти Руската сојузна агенција за воден транспорт.