ТРИ НЕДЕЛИ СМЕ ОТСЕЧЕНИ, ОД ДЕНЕСКА НЕМАМЕ НИ СТРУЈА, СЕ ПОЖАЛИЈА ГАЛИЧАНИ

    ТРИ НЕДЕЛИ СМЕ ОТСЕЧЕНИ, ОД ДЕНЕСКА НЕМАМЕ НИ СТРУЈА, СЕ ПОЖАЛИЈА ГАЛИЧАНИАрхивска фотографија од декември 2023 година. (Фото: Фејсбук)

    Месната заедница Галичник преку објава на социјалните мрежи апелираше до надлежните институции да овозможат проодност на патот од Маврово до селото, кој, како што велат оттаму, три недели е непрооден. Дополнително, од денеска таму нема ни струја, поради дефект на далновод.

    „Упатуваме апел до надлежни институции „Македонија пат“, Општина Маврово и Ростуше, како и ЈП за Државни патишта да се овозможи пристап до Галичник кој веќе трета недела е отсечен од патна комуникација. Сакаме да укажеме дека според активните сообраќајни законски норми станува збор за регионален пат кој мора да биде постојано прооден. Дополнително, во Галичник веќе трета недела не функционира уличното осветлување, а од денеска поради дефект на 20 киловолтен далновод во Галичник нема ниту електрична енергија. Сакаме да ја потсетиме јавноста дека во Галичник има постојани жители, а многумина луѓе сопственици на имот во Галичник имаат редовни работни обврски поврзани со повремено присуство во Галичник на кои им е потребен пристап. Се надеваме на соодветна и навремена реакција на надлежните институции“, велат од месната заедница Галичник.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира