БЕЛГРАД ВОВЕДУВА БЕСПЛАТЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ НА 1 ЈАНУАРИ 2025

    БЕЛГРАД ВОВЕДУВА БЕСПЛАТЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ НА 1 ЈАНУАРИ 2025Властите најавија дека до 2027 ќе биде обновен комплетниот возен парк во јавниот превоз во градот (Фото: Шатерсток)

    Градоначалникот на Белград Александар Шапиќ објави дека јавниот превоз во градот ќе биде бесплатен за сите од 1 јануари 2025.

    „Од 1 јануари, целиот јавен превоз во Белград ќе биде бесплатен. Значи, веќе никој нема да мора да плаќа карта. Нема веќе ни месечни, ни годишни карти, ни попусти“, кажа Шапиќ на прес-конференција.

    Тој додаде дека Белград со оваа социјална мерка станува лидер во јавниот превоз и дека ќе биде единствен град во Европа со повеќе од пола милион жители во кој јавниот превоз е бесплатен.

    Шапиќ најави дека до 2027 година ќе биде обновен комплетниот возен парк во јавниот превоз, сите автобуси, трамваи и тролејбуси.

    „До крајот на 2025 на улиците нема да има автобус постар од две години. Следната година ни доаѓаат првите од 25-те трамваи купени од Турција“, истакна Шапиќ.

    Тој кажа дека и приватните превозници, кои низ Белград возат повеќе од 30 години, се обврзани да купат нови возила.

    Српската влада, Град Белград и кинеската компанија „Пауер Чајна“ неодамна потпишаа договор за изградба на првата фаза од линијата 1 на белградското метро, вреден 720 милиони евра. Властите притоа најавија дека белграѓани ќе почнат да се возат со метро од 2030 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира