ОТФРЛЕНА ЖАЛБАТА НА САРКОЗИ НА ПРЕСУДАТА ЗА КОРУПЦИЈА, ЦЕЛА ГОДИНА ЌЕ МОРА ДА НОСИ УРЕД ЗА СЛЕДЕЊЕ

    ОТФРЛЕНА ЖАЛБАТА НА САРКОЗИ НА ПРЕСУДАТА ЗА КОРУПЦИЈА, ЦЕЛА ГОДИНА ЌЕ МОРА ДА НОСИ УРЕД ЗА СЛЕДЕЊЕНа Саркози му останува да се жали во Европскиот суд за човекови права (Фото: ЕПА)

    Највисокиот француски суд ја потврди пресудата за корупција против поранешниот претседател Никола Саркози, отфрлајќи ја неговата жалба. Тоа значи дека Саркози цела година ќе мора да носи електронски уред за следење.

    Саркози, кој беше претседател од 2007 до 2012, кажа дека не може да ја прифати оваа „длабока неправда“ и најави дека ќе се жали во Европскиот суд за човекови права, што единствено му преостанува. Тој првично беше осуден на три години затвор во 2021, при што две години беа условни, а третата беше заменета со електронско следење.

    Саркози беше осуден за обид за поткуп на судија во 2014, на кого му сугерирал дека може да му обезбеди престижна работа во замена за информации за друг случај. Образложувајќи ја пресудата во 2021, судијката кажа дека „Саркози знаел дека тоа што го прави е погрешно“. Кривичните дела беа прецизирани како недозволено влијание и повреда на професионална тајна.

    Саркози е првиот бивш претседател на Франција осуден за кривични дела.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира