УНГАРИЈА И СЛОВАЧКА ОД НОВА ГОДИНА ВЕЌЕ НЕМА ДА ДОБИВААТ РУСКИ ГАС ПРЕКУ УКРАИНА

    УНГАРИЈА И СЛОВАЧКА ОД НОВА ГОДИНА ВЕЌЕ НЕМА ДА ДОБИВААТ РУСКИ ГАС ПРЕКУ УКРАИНАПутин најави дека договорот за транзит ќе истече на крајот на годината, без да има јасна алтернатива за него (Фото: Гети)

    Договор кој им овозможуваше на централноевропските држави да купуваат руски гас преку Украина наскоро ќе заврши, објави Владимир Путин, што ќе погоди и држави кои се блиски до Русија, како Унгарија и Словачка. Путин најави дека договорот за транзит ќе истече на крајот на годината, без да има јасна алтернатива за него.

    Тој договор веќе нема да постои, тоа е јасно. Но, ќе преживееме, ‘Газпром‘ ќе преживее“, кажа Путин.

    Украина одби директно да преговара за обновување на договорот, туку како замена на своите соседи им понуди гас од сопственото производство.

    Нема да продолжиме со транзитот на рускиот гас. Срамно е што некои држави се загрижени за мало покачување на цената на горивото во услови кога Украинците гинат, бранејќи се од руската агресија“, изјави Володимир Зеленски.

    Долгорочниот договор, потпишан во 2019, му овозможи на рускиот државен енергетски гигант да пренесува природен гас низ огромната украинска мрежа на гасоводи до клиентите во ЕУ. По почетокот на целосната инвазија на Украина во февруари 2022, Русија ги прекина испораките во Германија и Полска, но други членки на ЕУ, како Австрија, Унгарија и Полска, продолжија да добиваат руски гас преку Украина.

    Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја посети Бугарија оваа недела, со надеж дека ќе обезбеди континуиран пристап до залихи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира