Најмалку едно лице загина откако автомобил влета меѓу луѓе на божиќен пазар во Магдебург во централна Германија. Германските медиуми кажаа дека има и повеќе повредени.
Возачот на автомобилот е приведен, а властите го затворија пазарот.
Портпаролот на владата на Саксонија-Анхалт го опиша инцидентот како напад.
Видео објавено на социјалните мрежи прикажува повеќе луѓе како лежат на земја, додека итните служби им укажуваат помош.
„Во тек е обемна полициска операција. Пазарот е затворен“, кажаа локалните власти.