ЛЕКАР ОД САУДИСКА АРАБИЈА ГО ИЗВЕЛ ВЧЕРАШНИОТ НАПАД НА БОЖИЌЕН ПАЗАР ВО МАГДЕБУРГ, ДВАЈЦА ПОЧИНАТИ И 68 ПОВРЕДЕНИ

    ЛЕКАР ОД САУДИСКА АРАБИЈА ГО ИЗВЕЛ ВЧЕРАШНИОТ НАПАД НА БОЖИЌЕН ПАЗАР ВО МАГДЕБУРГ, ДВАЈЦА ПОЧИНАТИ И 68 ПОВРЕДЕНИМотивот на нападот не е познат (Фото: АП)

    Двајца луѓе загинаа, а 68 се повредени во вчерашниот напад на божиќен пазар во германскиот град Магдебург, кога автомобил влета во масата. Еден од загинатите е младо дете, кажа Рајнер Хаселоф, премиерот на сојузната држава Саксонија-Анхалт. Напаѓачот е уапсен на самото место.

    Ова е катастрофа за градот Магдебург, нашата сојузна држава и за целата Германија“, кажа Хаселоф.

    Тој изјави дека напаѓачот е 50-годишен лекар од Саудиска Арабија со постојано живеалиште во Германија, каде што живеел речиси две децении.

    Мотивот на нападот не е познат, а напаѓачот не им бил познат на германските власти како исламист. Сепак, извор од Саудиска Арабија кажа дека кралството ги предупредило германските власти за напаѓачот зашто објавувал екстремистички ставови на својот профил на Икс. Магазинот „Дер Шпигел“ објави дека напаѓачот се вика Талеб Абдул Џавад, специјалист по психијатрија и психотерапија кој се откажал од исламот и бил симпатизер на крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија.

    И покрај првичните сомнежи, полицијата не пронашла експлозивна направа на местото на нападот. Полицијата изврши претреси и во градот Бернбург, јужно од Магдебург, каде што живеел напаѓачот и засега се верува дека тој дејствувал сам.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира