ЧЛЕНОВИТЕ НА НЕКОГАШНОТО ГРЧКО КРАЛСКО СЕМЕЈСТВО ПОВТОРНО ДОБИЈА ГРЧКО ДРЖАВЈАНСТВО ПО 30 ГОДИНИ

    ЧЛЕНОВИТЕ НА НЕКОГАШНОТО ГРЧКО КРАЛСКО СЕМЕЈСТВО ПОВТОРНО ДОБИЈА ГРЧКО ДРЖАВЈАНСТВО ПО 30 ГОДИНИДесетмина членови на семејството, вклучувајќи ги децата и внуците на бившиот крал Константин, поднесоа барање за државјанство минатата недела (Фото: АП)

    Членовите на поранешното грчко кралско семејство повторно добија грчко државјанство и изразија лојалност кон републиката, потег кој доаѓа 50 години по укинувањето на монархијата.

    Десетмина членови на семејството, вклучувајќи ги децата и внуците на бившиот крал Константин, кој почина лани, поднесоа барање за државјанство минатата недела. Тие кажаа дека смртта на Константин означила крај на една ера.

    Сепак, нивната одлука да го користат презимето Де Гресе, што на француски значи Од Грција, ги налути левичарските политичари, кои тврдат дека благородничка титула е неуставна.

    „Презимето што го избраа покажува дека тие сакаат да го одржат митот“, изјави Никос Андрулакис, лидерот на најголемата опозициска партија ПАСОК.

    Членовите на кралското семејство кажаа дека изборот на презиме бил предуслов за враќање на нивната националност, чија загуба ги остави без државјанство.

    „Нашето семејството било и ќе биде лојално на Грција“, рекоа тие.

    Константин Втори го презеде престолот во 1964 и неговото владеење беше обележано со политичка нестабилност, што кулминираше со воен пуч во април 1967. По падот на хунтата во 1974, Грците ја отфрлија монархијата на реферндум, со што Константин стана последниот крал на Грција. Владата му го одзеде државјанството во 1994, по што тој и неговото семејство веќе не се сметаа за грчки државјани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира