СРАМОТА Е ОВА ШТО ИМ ГО ПРАВАТ ТРГОВЦИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ ПРЕД ПРАЗНИЦИТЕ, ВЕЛИ МИЦКОСКИ И НАЈАВИ ЗАСИЛЕНИ ИНСПЕКЦИИ ПО МАРКЕТИТЕ

    СРАМОТА Е ОВА ШТО ИМ ГО ПРАВАТ ТРГОВЦИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ ПРЕД ПРАЗНИЦИТЕ, ВЕЛИ МИЦКОСКИ И НАЈАВИ ЗАСИЛЕНИ ИНСПЕКЦИИ ПО МАРКЕТИТЕПремиерот Мицкоски вели дека добива информации дека некои од маркетите шпекулираат и се служат со трикови. (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Христијан Мицкоски најави дека на седница на Влада ќе побара акција од Пазарниот инспекторат зашто добивал информации дека некои од маркетите шпекулираат и, како што кажа, се служат со трикови. Тој вели дека е срамота она што го прават трговците со драматично зголемување на цените на производи како маслото, лебот, јајцата и брашното, во пресрет на новогодишните празници.

    „На седница на Влада ќе побарам робустна, жестока акција од Пазарниот инспекторат затоа што добивам информации дека некои од маркетите шпекулираат и се служат со трикови. Јас со трикови не функционирам и тие што мислат дека ќе функционираат со трикови, се лажат. Не може тоа што на нив им беше дадено како право и можност за едни производи, сега да го прават со драматично зголемување на некои други производи како маслото, лебот, јајца, брашно… Жестоко ќе се спротивставиме со оние што мислат дека не надмудриле. Срамота е ова што го прават пред празниците што доаѓаат. Сакавме да покажеме добра волја, а видете како враќаат. Ова не е коректно и денеска од страна на министерот за економија и труд ќе побарам вонредна инспекција и ова девијантно однесување да престане“, кажа Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на спортска сала во Општина Гази Баба.

    Во тек е мерката „Новогодишна кошничка“, која што ќе важи до 15 јануари, а со неа се опфатени повеќе од илјада производи. Акцијата беше направена во соработка со трговците и производителите со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните за време на новогодишните празници. Но, граѓаните се жалат дека не се забележува некое поголемо намалување на цените, а дека се зголемени цените на основните прехранбени производи како брашното, зејтинот, јајцата…

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира