НЕ Е КОНФЛИКТ НА ИНТЕРЕС ТОА ШТО АНТИКОРУПЦИОНЕРКАТА КОЈА ГО ВОДЕШЕ СЛУЧАЈОТ ЗА ДИРЕКТОРОТ НА АНБ БИЛА НАСТАВНИК НА ФАКУЛТЕТОТ ЧИЈА ДИПЛОМА МУ БЕШЕ ОСПОРЕНА СО ПРЕСТАВКА, ВЕЛИ ДКСК

    НЕ Е КОНФЛИКТ НА ИНТЕРЕС ТОА ШТО АНТИКОРУПЦИОНЕРКАТА КОЈА ГО ВОДЕШЕ СЛУЧАЈОТ ЗА ДИРЕКТОРОТ НА АНБ БИЛА НАСТАВНИК НА ФАКУЛТЕТОТ ЧИЈА ДИПЛОМА МУ БЕШЕ ОСПОРЕНА СО ПРЕСТАВКА, ВЕЛИ ДКСКДоцна вчера Цвета Ристовска е избришана од на сајтот на Универзитетот „Скопје“ каде стоеше дека е ангажирана како наставен кадар на Универзитетот. (Фото: Принтскрин од сајтот на Универзитет „Скопје“)

    Приватниот универзитет „Скопје“, поранешен Универзитет за туризам и менаџмент ја отстрани сликата на Цвета Ристовска, која е членка на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) од списокот на наставен кадар, откако ТВ „Телма“ постави прашања дали е конфликт на интерес тоа што баш Ристовска го водеше предметот за директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски. Неколку часа подоцна, Универзитетот ја врати сликата на Ристовска на страната каде што е објавен наставниот кадар.

    Дел од предметот за Бојан Христовски беше и претставка за неговата факултетска диплома, добиена на факултет и универзитет каде во тоа време дел од наставен кадар била токму Цвета Ристовска. Токму нејзе ѝ бил доделен предметот за директорот на АНБ, во кој по анонимна претставка беше оспорена и факултетската диплома на Универзитетот „Скопје“. Таа на седницата на Антикорупциска рече дека случајот е чист според известувањето на Просветниот инспекторат.

    До вчера во биографиите на Ристовска, и на сајтот на Антикорупциската комисија и на сајтот на Универзитетот „Скопје“ стоеше дека е ангажирана како наставен кадар на Универзитетот. Нејзината слика стоеше на страната на Универзитететот повеќе од десет месеци по нејзиниот избор за член на ДКСК. Беше избришана дури вчера, откако ДКСК испрати допис до медиумите насловен Демант, во кој стои дека „тоа што на веб страната на ДКСК во делот на нејзината биографија стои дека магистерските студии се тековни, е техничка грешка“ и ја обвини ТВ Телма дека не им се јавиле да проверат дали податоците од двете веб страници се грешни. Неколку часа подоцна, Универзитетот ја врати сликата на Ристовска на страната каде што е објавен наставниот кадар.

    Но, во официјалната биографија на Ристовска, која во пдф формат е поставена на вебстраната на ДКСК, на страна 2 во делот „Образование и обука“ стои дека од 28.04.2011-тековно е магистер по економски науки на Универзитет за туризам и менаџмент. На страна 3 стои дека од 1981-1991 студирала и дипломирала на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Економски факултет – Скопје.

    Во сегментот „Публикации, Презентации, Проекти, Семинари, Конференции“ во биографијата, на страна 6 стои „Спроведување настава од наставен предмет – ревизија, Универзитет за туризам и менаџмент, Скопје, 2012 година-тековно“. Ристовска дури и на инстаграм страната на Универзитетот во април како колешка добила и роденденска честитка.

    Во официјалната биографија на Ристовска, која во пдф формат е поставена на вебстраната на ДКСК, во сегментот „Публикации, Презентации, Проекти, Семинари, Конференции“ на страна 6 стои „Спроведување настава од наставен предмет – ревизија, Универзитет за туризам и менаџмент, Скопје, 2012 година-тековно“. (Фото: Принтскрин од вебстраната на ДКСК)

    „Членот на ДКСК нема било каква деловна врска со Универзитетот ‘Скопје’, како би дошло до судир на интереси со нејзиното постапување во конкретниот предмет, од причини што Универзитетот ‘Скопје’ не е предмет на постапување пред ДКСК. Дополнително, Државниот просветен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор на Универзитетот ‘Скопје’, заради проверка на наводите во пријавата против директорот на АНБ Бојан Христовски. По извршениот надзор, беше констатирано дека неговата диплома е во ред. Одлуката за г-динот Бојан Христовски е донесена едногласно“, стои во дописот на ДКСК.

    Неколку часа откако ја избриша, Универзитетот „Скопје“ ја врати сликата на Ристовска на страната каде што е објавен наставниот кадар. (Фото: Принтскрин од сајтот на Универзитет „Скопје“)

    На 24 декември Антикорупциската комисија едногласно одлучи дека директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Бојан Христовски ги исполнува сите услови за да биде директор на Агенцијата. Државниот просветен инспекторат, Дирекцијата за класифицирани податоци, МВР и други институции, одговориле дека и дипломите, и 240-те стекнати кредити, и работата на приватниот универзитет за туризам и менаџмент му се по закон.

    За ТОЕФЛ уверението за англиски јазик добиено од школа во Пловдив, Бугарија која немала таква дејност, членката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) Цвета Ристовска кажа дека Обвинителството е тоа кое има надлежност да проверува валидност на ТОЕФЛ-сертификати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира