ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ И АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА АГЕЛЕР ГО ПОСЕТИЈА СТАЦИОНАРОТ ЗА УЛИЧНИ КУЧИЊА „ЛАЈКА“

    ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ И АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА АГЕЛЕР ГО ПОСЕТИЈА СТАЦИОНАРОТ ЗА УЛИЧНИ КУЧИЊА „ЛАЈКА“Со поддршка на Амбасадата на САД, „Лајка“ годинава организираше едукативни работилници низ училиштата во Скопје. (Фото: Икс)

    Деца со посебни потреби заедно со амбасадорката на САД Анџела Агелер денеска го посетија стационарот за бездомни кучиња „Лајка“. Децата се дружеа со кучињата кои чекаат посвојување.

    „Целта ни е да ја заокружиме 2024 година, во топлина, дружење и љубов, со деца и човековиот најверен пријател, кучињата. Нашата новогодишна желба е да создадеме хумано општество кое ги прифаќа сите, луѓето и животните, свет во кој се препознаваат различностите и се поддржуваат индивидуалните можности,  каде што даваме поддршка едни на други“, велат од „Лајка“.

    Со поддршка на Амбасадата на САД, „Лајка“ годинава организираше едукативни работилници низ училиштата во Скопје.

    Од стационарот „Лајка“ годинава се вдомени околу 370 кучиња.  Од улица се заловени и истретирани околу 1.300 кучиња и дел од нив се вратени на местото од каде се земени. Во моментов, за посвојување во „Лајка“ има 140 кучиња.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира