МЕЃУ 12-ТЕ ЖРТВИ НА МАСОВНОТО УБИСТВО ВО ЦЕТИЊЕ И ЧЕТИРИЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО, ДЕЦА ОД 9 И 14 ГОДИНИ И СЕСТРАТА НА УБИЕЦОТ

    МЕЃУ 12-ТЕ ЖРТВИ НА МАСОВНОТО УБИСТВО ВО ЦЕТИЊЕ И ЧЕТИРИЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО, ДЕЦА ОД 9 И 14 ГОДИНИ И СЕСТРАТА НА УБИЕЦОТПолицијата кажа дека мотивот на убиствата засега не е познат (Фото: Танјуг)

    Деветгодишниот Вукан Вулетиќ и неговиот пет години постар брат Јован се најмладите жртви на масовното убиство во Цетиње, што вчера го изврши Ацо Мартиновиќ. Убиен е и нивниот чичко Мирко Вулетиќ, објавија црногорските медиуми.

    Во куќата на свои роднини во Бајице тој го усмрти четиричленото семејство Мартиновиќ, меѓу кои и браќата близнаци Милош и Марко, чија сопруга е ранета.

    Мартиновиќ ја убил и својата сестра Зорица Вулетиќ, а највозрасната жртва има 70 години.

    Мартиновиќ го почнал својот убиствен поход во кафеаната „Велестово“ близу Спортскиот центар на влезот во Цетиње. Тој наводно се скарал и степал со лицата со кои бил во кафеаната, по што заминал дома и по некое време се вратил вооружен. Во кафеаната убил четворица, а останатите осум на три други локации во градот. По неколкучасовната потрага Мартиновиќ бил лоциран недалеку од неговата куќа во Цетиње и откако бил опколен, си пукал в глава и починал на пат кон болница. Во неговите џебови биле пронајдени 80 куршуми.

    Мартиновиќ рани уште четири лица, чија состојба е тешка, но стабилна. Полицијата кажа дека мотивот на убиствата засега не е познат.

    Црногорската влада прогласи тридневна национална жалост, почнувајќи од денеска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира