ВОЗАЧОТ НА „ТЕСЛА САЈБЕРТРАК“ ШТО ЕКСПЛОДИРАШЕ ПРЕД ХОТЕЛОТ „ТРАМП“ ВО ЛАС ВЕГАС БИЛ ЕЛИТЕН ВОЈНИК, СЕ САМОУБИЛ ПРЕД ДЕТОНАЦИЈАТА

    ВОЗАЧОТ НА „ТЕСЛА САЈБЕРТРАК“ ШТО ЕКСПЛОДИРАШЕ ПРЕД ХОТЕЛОТ „ТРАМП“ ВО ЛАС ВЕГАС БИЛ ЕЛИТЕН ВОЈНИК, СЕ САМОУБИЛ ПРЕД ДЕТОНАЦИЈАТАВластите кажаа дека нема дефинитивна поврзаност на овој инцидент со масовното убиство во Њу Орлеанс (Фото: АП)

    Возачот на камионетот „тесла сајбертрак“ што за нова година експлодираше пред хотелот „Трамп“ во Лас Вегас бил активен припадник на специјалните сили на американската војска и се самоубил пред експлозијата, објавија властите.

    Полицијата на Лас Вегас го идентификуваше како 37-годишниот Метју Алан Ливелсбергер, кој го изнајмил возилото 1.300 километри подалеку и возел до хотелот. Обдукцијата покажала дека Ливелсебергер починал од рана што самиот си ја нанел.

    Уште седум лица се полесно повредени во детонацијата на возилото, кое било наполнето со канистри за бензин и пиротехнички средства.

    Ливелсбергер дошол со возилото во Лас Вегас во средата наутро, помалку од два часа пред експлозијата. Се паркирал пред влезот на хотелот, по што возилото почнало да чади и експлодирало. Властите велат дека возилото помогнало да се скроти експлозијата, насочувајќи ја вертикално наместо нанадвор. Мотивот засега не е познат.

    Со сигурност можеме да го прогласиме ова за самоубиство со експлозија што се случи веднаш потоа. Телото беше изгорено до непрепознатливост и на него беше пронајдена рана од куршум“, изјави шерифот на Лас Вегас Кевин Мекмахил, додавајќи дека од возилото се извлечени пасош, воен идентифициски документ и два полуавтоматски пиштола.

    Властите кажаа дека иако има сличности, нема дефинитивна поврзаност на овој инцидент со масовното убиство во Њу Орлеанс во новогодишната ноќ, кога изнајмен камионет влета меѓу голема група луѓе, при што загинаа 15 лица.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира