АПЕЛАЦИОНИОТ СУДИЈА АЛЕКСАНДАР КАМБОВСКИ ОД БИТОЛА Е НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СУДСКИОТ СОВЕТ, ТОЈ Е КАДАР ОД ВТОРАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА АКАДЕМИЈАТА ЗА СУДИИ

    АПЕЛАЦИОНИОТ СУДИЈА АЛЕКСАНДАР КАМБОВСКИ ОД БИТОЛА Е НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СУДСКИОТ СОВЕТ, ТОЈ Е КАДАР ОД ВТОРАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА АКАДЕМИЈАТА ЗА СУДИИОд вкупно 13 присутни на седницата, 13 гласаа за единствениот кандидат за претседател на Судскиот совет. (Фото: К. Попов)

    Апелациониот судија од Битола Александар Камбовски денеска е избран за нов претседател на Судскиот совет, по оставката на Весна Дамева.

    За првпат на чело на Советот ќе застане судија кој завршил на Академијата за судии. Досега го воделе судии и членови кои биле избрани во Собранието, односно од мнозинството на политичките партии.

    Камбовски беше предложен од врховниот судија Исамедин Лимани, а потоа го поддржаа сите членови.

    Од вкупно 13 присутни на седницата, 13 гласаа за единствениот кандидат за претседател на Судскиот совет.

    Овој судија не се има потпрено само на Академијата, туку првин го изодел патот со големо искуство работејќи во приватна фирма, по судови и како адвокат, па потоа се запишал таму и дипломирал.

    Од 2003 до 2005 година работел во Основен суд Битола, од 2005 до 2007 како правник во приватна компанија, потоа од 2006 до 2010 бил ангажиран како надворешен соработник на Адвокатска канцеларија.

    Од 2007 до 2010 година работел како адвокат, се запишал и завршил Академија и во 2010 година бил избран за судија Основен Суд Битола.

    Во 2017 година Камбовски е унапреден во апелационен судија, во Битола.

    Предавал на Академијата за судии и јавни обвинители. Во 2024 година судиите го избраа на непосредни избори со тајно гласање, за член на Судскиот совет.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира