Украина почна нова офанзива во рускиот регион Курск, вели руското Министерство за одбрана. Во соопштение, руската војска вели дека се во тек напори за уништување на украинските офанзивни групи. Украински функционери, исто така, сугерираа дека се спроведува операција во Курск.
Украина првично почна операција во Курск во август минатата година и успеа да зазеде голема територија. Но, во текот на изминатите месеци, руските сили напредуваа во областа и ги истиснаа Украинци во голем дел од регионот.
Руската војска денеска на Телеграм објави дека Украина почнала контраофанзива за да ја запре руската офанзива во регионот Курск.
Андриј Јермак, шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кажа дека „добри вести од регионот Курск“ и дека Русија „го добива она што го заслужува“.
Засега е нејасно дали украинската офанзива е со доволно голем капацитет да доведе до позначителни промени на фронтот.