СО МЕРЦЕДЕСОТ ОД 580.000 ЕВРА ШТО ГО НАРАЧАЛ ГРУЕВСКИ СЕГА СЕ ВОЗАТ ИВАНОВ, ВЕЉАНОСКИ И ДИМИТРИЕВ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    СО МЕРЦЕДЕСОТ ОД 580.000 ЕВРА ШТО ГО НАРАЧАЛ ГРУЕВСКИ СЕГА СЕ ВОЗАТ ИВАНОВ, ВЕЉАНОСКИ И ДИМИТРИЕВ

    Со блиндираниот мерцедес од речиси 580.000 евра за чија набавка Специјалното јавно обвинителство има покренато истрага како е набавено од МВР во 2012 година сега се возат претседателот Ѓорге Иванов и пратениците Трајко Вељаноски и Емил Димитриев, кој во исто време е и премиер, објави агенцијата Мета, повикувајќи се на одговор од МВР.

    Блиндираниот мерцедес се наоѓа во Владата и, како што рекле за Мета од Министерството за внатрешни работи (МВР), се користи како „главно возило за високи гости на странски делегации“.

    “Блиндираниот мерцедес се користи како главно возило за високи гости-странски делегации при нивна посета на Република Македонија, а кои се обезбедуваат со прв, втор и трет степен безбедносни мерки (претседатели на држави, премиери на влади, заменици-претседатели, заменици-претседатели на влади и други)“стои во одговорот на МВР на прашањата на Мета дали возилото се користи, кој го користи и каде се наоѓа?

    Од МВР рекле дека мерцедесот често се користи и „во случаи кога поради амортизираност и застареност на блиндираните возила со кои се превезуваат претседателот на државата, претседателот на Собранието и премиерот“ не можат да одговорат на безбедносните стандарди и Уредбата за обезбедување на личности и објекти.

    На 24 јануари, СЈО соопшти дека ја отворило истражната постапка „Тенк“, во која осомничени се две лица, кои се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување во периодот од февруари до октомври 2012 година, а „за да ја исполнат желбата на тогашниот премиер“ за набавка на „специјално возило“.

    Во 31. „бомба“ што СДСМ ја објави на 13 мај 2015 година, а врз основа на која СЈО ја отвори истрагата, за набавката на „мерцедесот“ зборуваат тогашниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира