ТРАМП ОСУДЕН ЗА ТАЈНАТА ИСПЛАТА НА ПОРНОАКТЕРКАТА СТОРМИ ДАНИЕЛС, НО НЕ ДОБИ НИКАКВА КАЗНА

    ТРАМП ОСУДЕН ЗА ТАЈНАТА ИСПЛАТА НА ПОРНОАКТЕРКАТА СТОРМИ ДАНИЕЛС, НО НЕ ДОБИ НИКАКВА КАЗНАТрамп не сведочеше на судењето и денеска за првпат се обрати преку видеоврска во судницата (Фото: АП)

    Судот во Њујорк го осуди Доналд Трамп на „безусловен отпуст“ по обвиненијата за фалсификување деловни книги во врска со тајната исплата за порноактерката Сторми Даниелс. Тоа значи дека Трамп нема да добие никаква казна, ни парична, ни условна, ни затворска, но пресудата за кривичното дело ќе остане заведена во неговото досие.

    Ова беше навистина исклучителен случај. Ви посакувам среќа во вашиот втор претседателски мандат“, изјави судијата Хуан Мерчан.

    Тој појасни дека ова беше единствената законска казна што можел да ја изрече без да навлегува во највисоката функција во државата.

    Новоизбраниот американски претседател не сведочеше на судењето и денеска за првпат се обрати преку видеоврска во судницата, велејќи дека ова било „многу ужасно искуство“.

    Случајот беше покренат за да ме спречат да победам на изборите. Факт е дека сум целосно невин, не сторив ништо погрешно“, кажа Трамп.

    Минатиот мај, Трамп беше осуден по 34 кривични дела за фалсификување деловни книги. Поротата во Њујорк го прогласи за виновен по сите точки од обвинението во врска со исплатата за Даниелс непосредно пред изборите во 2016.

    Даниелс добила 130.000 долари за да молчи дека имала секс со Трамп, кој негираше дека го имале. Ваквите плаќања не се нелегални, но спорно било тоа што поранешниот адвокат на Трамп, кој ѝ платил на Даниелс, го запишал надоместот како правни трошоци во деловните книги на Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира