ЗЕЛЕНСКИ КАЖА ДЕКА Е СПРЕМЕН ДА ГИ РАЗМЕНИ ЗАРОБЕНИТЕ СЕВЕРНОКОРЕЈСКИ ВОЈНИЦИ, НО ИМ ПОНУДИ ДА ОСТАНАТ

    ЗЕЛЕНСКИ КАЖА ДЕКА Е СПРЕМЕН ДА ГИ РАЗМЕНИ ЗАРОБЕНИТЕ СЕВЕРНОКОРЕЈСКИ ВОЈНИЦИ, НО ИМ ПОНУДИ ДА ОСТАНАТБезбедносната служба на Украина кажа дека двајцата војници рекле дека мислеле дека одат на вежба, а не да се борат (Фото: Икс)

    Володимир Зеленски кажа дека е подготвен да ги размени двајцата заробени севернокорејски војници за украински воени затвореници.

    За оние севернокорејски војници кои не сакаат да се вратат можеби има други опции. Оние кои сакаат да ја кажат вистината за оваа војна на корејски ќе ја добијат таа можност“, напиша Зеленски на Икс.

    Безбедносната служба на Украина (СБУ) кажа дека двајцата војници рекле дека мислеле дека одат на вежба, а не да се борат.

    Еден војник имаше руски идентификациски документ со име на друга личност, а другиот немаше документи кај себе. Тие беа заробени на 9 јануари и примаат лекарска помош во Киев. Зборат само корејски, па беа испрашувани со помош на јужнокорејските разузнавачи“, објави СБУ.

    Зеленски објави фотографија од руски идентификациски документ, на кој како место на раѓање стои Туран во руската република Тува близу Монголија. СБУ кажа дека документот бил издаден есеноска во Русија и дека некои севернокорејски единици поминале само една недела на обука.

    Русија не негираше дека севернокорејски војници се борат во војната против Украина. Јужна Кореја денеска објави дека во борбите во Курск досега загинале околу 300 севернокорејски војници, а 2.700 биле ранети.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира