ПО СЕВЕРНА КОРЕЈА, РУСИЈА ЌЕ ПОТПИШЕ ДОГОВОР ЗА СЕОПФАТНО ПАРТНЕРСТВО И СО ИРАН

    ПО СЕВЕРНА КОРЕЈА, РУСИЈА ЌЕ ПОТПИШЕ ДОГОВОР ЗА СЕОПФАТНО ПАРТНЕРСТВО И СО ИРАНПутин ги зајакна врските со Иран по почетокот на инвазијата врз Украина (Фото: Гети)

    Претседателите на Русија и Иран, Владимир Путин и Масуд Пезешкијан, ќе се сретнат в петок за да потпишат договор за партнерство, објави Кремљ.

    На 17 јануари, Владимир Путин ќе разговара со претседателот на Исламската Република Иран, кој ќе дојде во Москва во официјална посета. По разговорите, тие ќе потпишат договор за сеопфатно стратешко партнерство помеѓу Русија и Иран“, објави Кремљ.

    Се додава дека двајцата лидери ќе разговараат за проширување на соработката помеѓу двете земји, што вклучува трговија, инвестиции, транспорт, логистика, хуманитарна сфера и сегашни прашања од регионалната и меѓународната агенда. Се очекува договорот да го зацементира засиленото воено и политичко партнерство помеѓу двете нации.

    Москва ги зајакна врските со Иран по почетокот на инвазијата врз Украина. Иран притоа ја снабдува руската војска со дроновите „шахед“.

    Путин потпиша сличен договор и со Северна Кореја, кој ги обврзува двете држави да си помагаат во случај една од нив да биде нападната. Северна Кореја испрати над 10.000 војници за да се борат со руската војска против Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира