Дваесет и едногодишна Норвежанка стана најмладата личност која стигнала до Јужниот Пол на скии, сама и без помош, изјави нејзиниот тим. Карен Килесо го остварила подвигот 114 години откако нејзиниот сонародник Роалд Амундсен станал првиот човек кој стигнал до Јужниот Пол.
Килесо, која е родена на 9 мај 2003, поминала над 1.120 километри за нешто помалку од 54 дена, пристигнувајќи во понеделникот навечер на температура од околу -25 Целзиусови степени.
„Тоа е нова страница во поларната историја“, изјави нејзиниот ментор, норвешкиот авантурист Ларс Ебесен.
Таа го надмина Пјер Едан од Франција, кој го постигна својот рекорд на 26-годишна возраст, на 7 јануари 2024. Килесо, која е висока само 150 сантиметри и има 48 килограми, влечеше санка тешка 100 килограми во обид да стигне до Полот.
Килесо е и најмладата девојка која го поминала Гренланд на скии, завршувајќи го подвигот на 15-годишна возраст во 2018.