РУСИЈА ЈА НАПАДНА УКРАИНА СО КРСТОСУВАЧКИ РАКЕТИ ДЕН ПО ГОЛЕМИОТ УКРАИНСКИ НАПАД

    РУСИЈА ЈА НАПАДНА УКРАИНА СО КРСТОСУВАЧКИ РАКЕТИ ДЕН ПО ГОЛЕМИОТ УКРАИНСКИ НАПАДЖители на Киев се кријат во подземната железница за време на денешниот руски воздушен напад (Фото: Икс)

    Русија изведе голем воздушен напад врз Украина утрово, при што биле користени и крстосувачки ракети, објавија украинските воздушни сили. Москва претходно вети дека ќе се одмазди за вчерашниот голем украински напад, чија мета беа воени и индустриски објекти низ Русија.

    Во целата земја се огласија сирени за воздушна тревога по информациите дека група стратешки бомбардери „ту-95“ полетале од аеродромот „Оленија“ во регионот Мурманск. Русија исто така лансирала балистички проектили од пограничниот регион Белгород.

    Експлозии се регистрирани во регионите Харкив, Хмелницки и Ивано-Франкивск, а градоначалникот на Лвов, Андриј Садовји, кажа дека имало напади врз енергетската инфраструктура во градот и низ земјата.

    Засега нема информации за жртви и штети, но украинските власти вовеле превентивни исклучувања на струјата во неколку региони.

    За време на нападот, Полска кажа дека подигнала свои борбени авиони од претпазливост.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира