ИНАУГУРАЦИЈАТА НА ТРАМП ЌЕ БИДЕ СОБИР НА ДЕСНИЧАРСКИ ПОПУЛИСТИ И ТЕХНОЛОШКИ МИЛИЈАРДЕРИ

    ИНАУГУРАЦИЈАТА НА ТРАМП ЌЕ БИДЕ СОБИР НА ДЕСНИЧАРСКИ ПОПУЛИСТИ И ТЕХНОЛОШКИ МИЛИЈАРДЕРИТрамп поканил многу странски лидери со кои разговарал по телефон или ги пречекал во неговата резиденција (Фото: АП)

    Списокот гости за инаугурацијата на Доналд Трамп на 20 јануари укажува дека таа ќе биде како собир на десничарски популисти.

    Трамп поканил многу странски лидери со кои разговарал по телефон или ги пречекал во неговата резиденција во Мар-а-Лаго во Флорида, како аргентинскиот претседател Хавиер Милеи и кинескиот лидер Шји Џинпинг.

    Додека европските центристи се игнорирани, голем простор ќе биде отстапен за крајнодесничарските и националистичките политичари. Британскиот популист и противник на ЕУ Најџел Фараж ќе биде таму, како и неговите француски и белгиски пандани Ерик Земур и Том ван Грикен и поранешниот полски премиер Матеуш Моравјецки. Меѓу гостите ќе бидат и министри, дипломати и странски политичари кои сакаат да се зближат со следниот американски претседател.

    Ништо од ова не е нормално. Ваквите церемонии вообичаено се целосно домашна работа“, вели Едвард Франц, шефот на катедрата за историја и политичка наука на Универзитетот во Индијанаполис.

    Меѓу потврдените гости се италијанската премиерка Џорџа Мелони и „аргентинскиот Трамп“ Хавиер Милеи, а поканет бил и унгарскиот премиер Виктор Орбан, но од неговиот кабинет кажаа дека нема да може да дојде.

    Трамп кажа дека минатиот месец го поканил и кинескиот лидер Шји Џинпинг, но кинеската амбасада во Вашингтон досега нема потврдено дали била испратена официјална покана во Пекинг. Сепак, поверојатно е да присуствуваат други високи кинески функционери.

    Трамп ја поканил и лидерката на германската крајна десница Алис Вајдел, но таа рекла дека не е во можност да дојде поради предизборната кампања во Германија.

    На инаугурацијата ќе биде забележливо и присуството на технолошки милијардери. Меѓу нив ќе бидат Илон Маск, Марк Закерберг и Џеф Безос, а доаѓа и францускиот милијардер Ксавиер Ниел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира