ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНАТА БРИТАНСКА АКТЕРКА ЏОАН ПЛАУРАЈТ

    ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНАТА БРИТАНСКА АКТЕРКА ЏОАН ПЛАУРАЈТПлаурајт имаше кариера долга 60 години и беше номинирана за Оскар во 1993 (Фото: Обзервер)

    Дејм Џоан Плаурајт, една од најугледните британски театарски и филмски актерки и вдовица на Лоренс Оливие, почина на 95 години. Плаурајт имаше кариера долга 60 години и беше номинирана за Оскар во 1993.

    Таа се омажила за 22 години помладиот Оливие во 1961 откако играла негова ќерка во една претстава и потоа стана водечка членка на Националниот театар. Со Оливие остана до неговата смрт во 1989 и добија три деца.

    Родена во 1929, Плаурајт дебитирала во театар на 19 години и станала една од најдобрите актерки на лондонскиот театар Вест Енд во 1950-тите. Првпат играла заедно со Оливие во претставата „Забавувач“ во 1957 и потоа своите улоги ги репризираа и во филмската верзија.

    Во 1960 направи пробив во САД, кога ја освои наградата Тони за бродвејската претстава „Вкусот на мед“. Од сцената се повлече во 2014 откако го изгуби видот.

    Првата филмска улога ја оствари во 1957 и активно глумеше на филм и телевизија до 2009. Единствената номинација за Оскар ја доби за споредна улога во драмата „Enchanted April“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира