НЕНАД ВИТАНОВ И СИМОНА ЃОРЧЕВА СЕ НОВИ СЕЛЕКТОРИ НА ОХРИДСКО ЛЕТО

    НЕНАД ВИТАНОВ И СИМОНА ЃОРЧЕВА СЕ НОВИ СЕЛЕКТОРИ НА ОХРИДСКО ЛЕТОРежисерот Витанов е селектор на драмскиоот дел, а Ѓорчева, која има кариера во Германија, на музичкиот дел. (Фото: Охридско лето)

    Музичката менаџерка Симона Ѓорчева и режисерот Ненад Витанов се новите селектори на музичкиот и драмскиот дел од програмата на Охридско лето, соопшти Фестивалот. Директорот Ѓорѓи Цуцковски најавува дека заедно со селекторите ќе создадат свежа, интересна и квалитетна програма.

    „Со професионалноста и умешноста на новите селектори ќе внесиме свежина во програмата и убеден сум дека тоа ќе го препознае стручната критика и нашата верна публика. Ѓорчева и Витанов се истакнати уметници и културни работници, добро познати на домашната и меѓународната музичка и театарска јавност, со богата меѓународна професионална кариера“, вели Цуцковски.

    Од Охридско лето велат дека Ѓорчева е управен директор на Камерниот оркестар во Келн, Германија со големо искуство во делот на организација на концерти и концертни турнеи. Претходно работела како проектен менаџер на Шуманфест во Дизелдорф каде остварила бројни контакти со врвни уметници ширум светот. Таа исто така била и генерален директор на меѓународниот натпревар „Роберт Шуман“ за млади пијанисти до 20 години во Дизелдорф како и координатор во Центарот за високо талентирани музичари, Шуман Јуниор.

    Витанов има режирано над 20 театарски претстави во повеќе театри а неговите претстави се селектирани на повеќе театарски фестивали и имаат добивано награди. Вработен е во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес. Витанов бил програмски директор на ФАД Стоби, организатор на „Рацинови средби, директор на театарскиот фестивал „5РЕ“, како и дел од жирито за доделување на наградата Петре Прличко.

    Годинава од 12 јули до 20 август ќе се одржи 65. издание на Охридско лето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира