ДАМКАТА НЕ Е НАФТА, ТУКУ ГНИЈАТ РАСТЕНИЈАТА ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

a:2:{s:16:"td_post_template";s:18:"single_template_EU";s:9:"td_source";s:43:"Охрид,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДАМКАТА НЕ Е НАФТА, ТУКУ ГНИЈАТ РАСТЕНИЈАТА ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

    Црната дамка што пред три дена се појави во плитките води на Охридското езеро на кејот во Охрид не е ниту нафта, ниту масло, туку остатоци од растенија што гнијат, а биле донесени на брегот од струењето на водата, одговори Хидробиолошкиот завод откако граѓаните ги вознемири мрсната дамка што беше особено воочлива поради тоа што водата е повлечена од брегот. Од Заводот велат дека и квалитетот на водата е непроменет, а по реакцијата до ЕЛЕМ да го сопре испустот кај Струга во Црн Дрим и нивото на водата во Охридското езеро полека се зголемува.

    „Не станува збор за нафтена дамка во Охридското Езеро ниту за мрсни материи, туку за присуство на растителен материјал – делови од водни растенија и кончести алги – кој при разградбата ја губи зелената и преминува во кафено-жолтеникава боја“ соопшти охридскиот Хидробилошки завод по анализите.

    Дамката се појави во понеделникот во делот од крајбрежјето, веднаш до помошното пристаниште пред хотелот „Палас“. Нејзината појава ги вознемири жителите кои претпоставуваа дека мрсната дамка доаѓа од канализацијата во која неретко се испушта моторно масло, или пак тоа го направил некој намерно, за што постои мала веројатност. Реагираше и еколошката организација Охрид СОС.

    „Во случајов анализите укажуваат на присуство на растителен материјал, делови од водни растенија и кончести алги, кои механички се донесени на брегот како резултат од струењето на водата – брановите и се во фаза на разградба. Жолтите уочени дамки претставуваат остатоци од растителен материјал кој при процесот на разградба ја губат зелената и преминува во кафено-жолтеникава боја. Да бидеме појасни, овие резултати се однесуваат само на анализите кои се направени во стоечката вода на брегот, која не е во врска со површинската од Езерото “, велат од Хидробиолошкиот завод.

    Од Заводот додаваат дека составот на фитопланктонот во Езерото и квалитативно и квантитативно е вообичаен за овој период од годината и не укажува на какви било промени на квалитетот на водата.

    Според анализите на Хидробиолошкиот завод во Охрид, констатирано било дека не е нарушен квалитетот на водата во овој дел од Охридското Езеро, односно станува збор за квалитет на вода од прва-втора класа.

    Од Заводот велат дека поради сушниот период и намаленото количество на вода од притоките, евидентирано е и намалување на нивото на вода во Езерото. Очебијно е дека плажите на источниот дел се проширија за десетина метри поради повлекувањето на водата. Брегот е проширен и на други делови, пред сѐ пред хотелот „Милениум палас”.

    „После реакциите до ЕЛЕМ за намалување на испустот на вода во реката Црн Дрим кај Струга и превземањето на соодветни мерки од нивна страна, по однос на контролираното испуштање на водата, веќе е видливо благо покачување на езерското ниво“, велат од охридскиот Хидробиолошки завод.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира