СТАПИ ВО СИЛА ПРИМИРЈЕТО ВО ГАЗА, ПОТВРДИ ИЗРАЕЛ

    СТАПИ ВО СИЛА ПРИМИРЈЕТО ВО ГАЗА, ПОТВРДИ ИЗРАЕЛИзраелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху. (архивска фотографија)

    Долгоочекуваниот договор за примирје во Газа стапи во сила.

    Првите тројца заложници кои треба да бидат ослободени од Хамас се Дорон Штајнбрехер и Емили Дамари, кои беа киднапирани од кибуц, како и Роми Донен, која беше киднапирана од музичкиот фестивал Супернова во октомбври 2023 година.

    Тие се очекува да бидат ослободени подоцна денеска.

    „Според планот за ослободување на заложниците, примирјето од првата фаза во Газа ќе стапи во сила во 11.15 часот по локално време“, соопштија од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху.

    Договорот предвидува три фази за примирјето. Во првата фаза, 33 заложници треба да бидат ослободени во наредните шест недели во замена за стотици Палестинци кои се во израелските затвори. Останатите заложници треба да бидат ослободени во втората фаза.

    Меѓу 98-те заложници, дел од кои се верува дека се мртви, вклучуваат и четворица киднапирани во 2014 и 2015 година.

    Почетокот на примирјето беше кусо одложено утринава, откако Хамас задоцни со доставувањето на листата на заложници кои треба да бидат ослободени во првата фаза.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира