ОСУММИНА МРТВИ ВО ПОЖАР ВО ДОМ ЗА СТАРИ ЛИЦА ВО БЕЛГРАДСКАТА ОПШТИНА БАРАЕВО

    ОСУММИНА МРТВИ ВО ПОЖАР ВО ДОМ ЗА СТАРИ ЛИЦА ВО БЕЛГРАДСКАТА ОПШТИНА БАРАЕВОВластите велат дека има назнаки дека пожарот бил подмеднат (Фото: РТС)

    Осуммина луѓе загинаа, а повеќе се повредени во пожар што утрово избувна во дом за стари лица во населбата Велики Борак во белградската општина Бараево. Пожарот е изгаснат, а во гаснењето учествувал голем број пожарникари.

    Пожарот избувнал околу 3:30 часот и точната причина засега не е позната, но министерот за труд, вработување и социјални прашања Немања Старовиќ кажа дека има назнаки дека бил подмеднат од еден од корисниците на домот.

    Домот ги имаше сите потребни дозволи и сите противпожарни услови“, кажа Старовиќ.

    Лука Чаушиќ, началникот на секторот за вонредни ситуации во министерството за внатрешни работи, кажа дека се повредени седум лица, а 13 биле спасени од огнот.

    Според првичните податоци, во домот имало 30 штитеници“, додаде тој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира