САМО МЕЛОНИ ОД ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ БЕШЕ ВО КАПИТОЛ НА ИНАУГУРАЦИЈАТА НА ТРАМП, САКА ИТАЛИЈА ДА БИДЕ МОСТОТ МЕЃУ САД И ЕВРОПА

    САМО МЕЛОНИ ОД ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ БЕШЕ ВО КАПИТОЛ НА ИНАУГУРАЦИЈАТА НА ТРАМП, САКА ИТАЛИЈА ДА БИДЕ МОСТОТ МЕЃУ САД И ЕВРОПАМелони седеше веднаш до аргентинскиот претседател Хавиер Милеи (Фото: АНСА)

    Инаугурацијата на американскиот претседател е вообичаено домашна работа, но Доналд Трамп ја прекрши оваа традиција откако повика и странски лидери и политичари.

    Италијанската премиерка Џорџа Мелони седеше веднаш до аргентинскиот претседател Хавиер Милеи и недалеку од кинескиот потпретседател Хан Женг во редот наменет за бившите американски претседатели и шефови на држави и влади. Мелони беше единствениот европски лидер во публиката во салата Ротунда во Капитол, со намера Италија да биде мост меѓу САД и Европска Унија, како што беше нагласено од нејзината партија.

    Многу е важно за една нација како Италија, која има исклучително цврсти односи со Америка, да ја покаже својата желба да ги продолжи и зајакне тие односи во време кога предизвиците се глобални и меѓусебно поврзани“, соопштија од кабинетот на Мелони, која пред две недели го посети Трамп во неговата резиденција во Флорида.

    По инаугурацијата, Мелони порача дека Италија секогаш ќе биде посветена кон зајакнувањето на дијалогот помеѓу САД и Европа.

    Пред одењето во Вашингтон, Мелони се сретна со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Од Брисел кажаа дека ЕУ ја смета инаугурацијата за церемонија, а не за средба, па немало потреба Мелони да му испраќа посебни пораки на Трамп.

    Мелони присуствуваше и на верската церемонија во црква близу Белата куќа заедно со Милеи и Илон Маск.

    Во првиот ред не беше Италија, туку Џорџа Мелони ја донесе Италија во првиот ред“, изјави италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира