ШЕФОТ НА ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА, ВЕТИ ИСТРАГА ЗА УПАДОТ НА ХАМАС

    ШЕФОТ НА ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА, ВЕТИ ИСТРАГА ЗА УПАДОТ НА ХАМАСХерци Халеви кажа дека ИДФ под негова команда потфрлил во својата мисија да ги заштити граѓаните на Израел (Фото: АП)

    Шефот на израелската војска Херци Халеви објави дека ќе поднесе оставка на 6 март, преземајќи одговорност за огромните безбедносни пропусти при упадот на Хамас во Израел на 7 октомври 2023. Халеви, од кого се очекуваше да поднесе оставка набргу по најсмртоносниот ден во израелската историја, кажа дека ќе ја доврши истрагата за упадот и ќе ја зајакне подготвеноста на Израелските одбранбени сили (ИДФ) за идни безбедносни предизвици.

    Засега не е познато кој ќе дојде на неговото место.

    И покрај гневот на јавноста поради нападот на Хамас, во кој беа убиени 1.200 Израелци, а 250 беа земени како заложници, владата на Нетанјаху се противеше на отворање државна истрага за да се утврди одговорност за безбедносните пропусти.

    Утрото 7 октомври 2023, ИДФ под моја команда потфрли во својата мисија да ги заштити граѓаните на Израел. Земјата поради тоа плати скапа цена во човечки животи и тоа ќе ме прогонува цел живот“, кажа Халеви.

    Тој вети дека ќе биде спроведена длабока и транспарентна истрага, чии детали, колку што биде дозволено, ќе бидат споделени со јавноста.

    Израелските медиуми објавија дека оставки наскоро ќе поднесат и заповедниците на морнарицата и на воздушните сили.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира