ШЕФОТ НА НАТО ГИ ПОВИКА САД ДА ПРОДОЛЖАТ ДА ЈА СНАБДУВААТ УКРАИНА СО ОРУЖЈЕ, А ЕВРОПА ЌЕ ГО ПЛАТИ

    ШЕФОТ НА НАТО ГИ ПОВИКА САД ДА ПРОДОЛЖАТ ДА ЈА СНАБДУВААТ УКРАИНА СО ОРУЖЈЕ, А ЕВРОПА ЌЕ ГО ПЛАТИРуте вели дека Трамп е во право кога вели дека европските сојузници треба да трошат повеќе за одбраната (Фото: Гети)

    Генералниот секретар на НАТО Марк Руте ги повика САД да продолжат да ја снабдуваат Украина со оружје, а Европа ќе ја плати сметката.

    Зборувајќи на Светскиот економски форум во Давос, Руте кажа дека алијансата мора да инвестира повеќе во одбраната, да го зголеми производството на оружје и да преземе поголем дел од трошоците за помош на Украина.

    Во поглед на Украина, ни треба САД да останат вклучени. Ако новата администрација на Трамп сака да продолжи да ја снабдува Украина од својата одбранбена индустриска база, сметката ќе ја платат Европејците, апсолутно сум убеден во тоа“, кажа Руте.

    Тој реагираше на изјавите на Трамп од оваа недела дека Европската Унија мора да стори повеќе за да ја поддржи Украина.

    Путин не смее да победи, а ние не смееме да ја намалиме поддршката за Украина. Фронтот се движи во погрешна насока“, изјави Руте.

    Тој додаде дека Трамп е во право кога вели дека европските сојузници треба да трошат повеќе за одбраната.

    Тој е во право, САД не се проблем, туку Европа“, кажа Руте.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира