Доналд Трамп по инаугурацијата ја врати политиката со која се фаворизираат класични архитектонски стилови на федералните згради во однос на модернистичките.
Неговата извршна наредба наречена „Промовирање на убава федерална граѓанска архитектура“ ѝ наложува на Управата за општи услуги да поднесе препораки во рок од 60 дена за „унапредување на политиката според која сојузните јавни згради треба визуелно да се идентификуваат како граѓански згради и да го почитуваат регионалното, традиционалното и класичното архитектонско наследство со цел да се разубават јавните простори“.
Наредбата препорачува ревидирање на „Водечките принципи на федералната архитектура“, напишани од некогашниот сенатор Даниел Патрик Мојнихан во 1962, со кои се упатува дизајнот на граѓанските згради да биде претставник на демократијата и интересите на американскиот народ.
Американското здружение на архитекти кажа дека наредбата би можела да ги потисне иновациите и слободата на изразувањето.
Трамп потпиша ваква наредба и на крајот на својот прв мандат во 2020, по што беше поништена од Џо Бајден.